• Саше Љолес
Кристијан Трапановски одигра феноменален натпревар за својот Данди Јунајтед и постигна гол во првиот настап во шкотската Премиер лига, во ремито против Данди (2-2).
Македонскиот фудбалер го отвори резултатот во дванаесеттата минута и прикажа одлична партија во новиот дрес, но неговиот тим не успеа да ги освои трите бода и мораше да се задоволи со нерешен резултат.
Wow! Disappointed not to get the 3 points i should do it better… but scoring in the derby in my debut and fans singing my name is out of this world. Thank you all #allglorytoGODalwaysandforever pic.twitter.com/l9A6ZwcnDa
— Kristijan Trapanovski (@trapanovski) August 4, 2024
Трапановски беше еден од најдобрите поединци на теренот и доби оценка 7,5, а место во првиот состав доби и Давид Бабунски, кој ги одигра сите деведесет минути. Стрелецот на првиот гол беше заменет во 86. минута и го доби признанието за најкорисен играч, а по мечот на социјалните мрежи напиша дека е одушевен од поддршката на публиката, која во еден момент го скандираше неговото име.
Нашиот Трапановски летово премина во Данди Јунајтед од редовите на Шкупи и веќе се наметнува како еден од играчите кои ќе бидат важна алка во тимот сезонава, заедно со повремениот репрезентативец Бабунски.