• Зоран Мишевски
Стартот на шкотскиот фудбалски шампионат мина во знакот на македонските интернационалци. Кристијан Трапановски уште во првото коло од шкотската лига се најде во тимот на колото.
Битолчанецот дебитираше со гол за Данди Јунајтед во натпреварот против Данди, кој заврши 2-2.
Покрај погодокот. Трапановски беше еден од најзабележителните и најактивните на теренот, имаше уште неколку шанси да донесе победа, сепак и вака направи доволно за да се најде во тимот на колото. Трапановски беше прогласен и за играч на натпреварот.
На овој натпревар настапи и Давид Бабунски, а деведесет минути за Абердин одигра и Бојан Миовски.