• Горан Упале
Македонецот кој што е хит во Шкотска на стартот од новата сезона, Кристијан Трапановски, го очекува деби во националниот дрес. Одличниот офанзивец доби повик од селекторот Благоја Милевски и вети дека доколку добие шанса ќе ги покаже своите квалитети.
Македонија во септемвриската репрезентативна пауза ќе се судри со Фарски Острови и Ерменија, во рамки од новата сезона во Лигата на нации.
„Задоволство ми е што сум дел од репрезентацијата на Македонија. Се надевам дека ќе добијам шанса да ги покажам моите квалитети. Се чувствувам како да сум долго време тука, иако првпат сум со најдобрата репрезентација.
Нашата цел е да бидеме први и да се пласираме во следната фаза во Лига на нации. Нашиот тим е многу поквалитетен од Фарски Острови, теренот и временските услови сметам дека не треба да ни претставуваат проблем. Треба да бидеме со вистински пристап и да ги освоиме трите бода“, рече новиот ас на Данди Јунајтед.
Во првото коло гостуваме во Фарски Острови, додека Ерменија ќе ја пречекаме во Скопје.