• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски пристигна во Шкотска и веднаш постигна гол на премиерата за Данди Јунајтед.
Напаѓачот се најде во првиот тим на Данди на мечот против Анан Атлетик. Се одигра пријателски натпревар, две полувремиња по 60 минути со два различни тима, а Данди успеа да слави со резултат 2-0. Еден од стрелците на овој натпревар беше Трапановски кој веднаш по промоцијата ги покажа квалитетите во Шкотска. Вториот гол за Данди Јунајтед го даде Луис Мулт.
Ова е добра најава за Трапановски и сезоната во Шкотска која за него следи. Во Премиер лигата на Островот, Македонија ќе има тројца играчи, а покрај Трапановски таму се и Бојан Миовски (Абердин) и Давор Здравковски (Мадервел).