ВИДЕО: Трапановски по 120 дена „намести“ гол за Данди Јунајтед!

Македонскиот репрезентативец Кристијан Трапановски се најде во стартниот тим на шкотски Данди Јунајтед и намести гол против Абердин во рамки на шкотската Премиер лига.

Офанзивецот пред крајот на првиот дел асистира за вториот гол на гостите. Стрелец беше Далби, додека течеше 55. минута на мечот во Абердин. Трпановски одлично му нафрли од левата страна, а тој погоди со глава.

За Трапановски ова е прва асистенција за Данди по онаа пред крајот на месец октомври, кога намести гол против Мадервел.