• Мартин Танасковски
Младиот македонски фудбалер Кристијан Трапановски својата кариера ќе ја продолжи во нов клуб, каде ќе биде позајмен за да се гради како првотимец.
18-годишниот фудбалер кој е роден во Битола, од Славија Прага на позајмица ќе се пресели во Викторија Жижков. Тимот тој го менува по инсистирање на матичниот клуб, кој бара Трапановски да игра редовно и да добива минутажа.
Крилото кое потекнува од фудбалската школа Талент од Битола, а потоа настапуваше и за Академија Пандев, минатата сезона ја мина исто така на позајмица, во словачки Татран Прешов.
Викторија Жижков се натпреварува во втората фудбалска лига на Чешка, а во ланската сезона заврши на 11. позиција.