• Мартин Танасковски
Кристијан Трапановски ќе мора да ги скокне натпреварите за Македонија во месец октомври, а причината е повреда, информира селекторот Благоја Милевски. Играчот на Данди Јунајтед кој играше во одлична форма се поврредил на тренинг и го чека пауза од четири до шест недели.
„Имаме некои работи кои ни беа непланирани. Кристијан Трапановски нема да игра поради повреда на тренинг, ќе мора да паузира четири до шест седмици. Се надевам Александар Трајковски ќе биде фит и ќе ни се придружи. За жал Дарко Велковски нема клуб и жалам што не е во посакуваната форма. Останатите се надевам дека ќе бидат здрави пред се, а потоа и способни да се стават во функција на тимот“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Новитет на овој список во нападот е Марко Илиевски од бугарска ЦСКА, кој доби повик по повредите на неколку напаѓачи во претходниот прозорец и мечевите од Лигата на нациите. Македонија во октомври има две гостувања, против Летонија и Ерменија, на 10 и 13 октомври.