ВИДЕО: Траоре во 119. минута ја елиминира Севиља, продолженијата кобни и за Динамо Загреб

Екипите на Славија Прага и Бенфика испаднаа како победници во дуелите против Севиља, односно Динамо Загреб, во единствените натпревари од осминафиналата фаза на Лига Европа, кои влегоа во дополнителните продолженија од 30 минути. 

Извештај од натпреварот Славија Прага - Севиља: 

Најтрофејниот тим во ова натпреварување, Севиља, одигра супер-атрактивен натпревар во Прага, но во продолжението прокоцка голема шанса да го продолжи походот кон нов пехар во ова натпреварување. Васкез во 98. минута успеа да донесе големи 2-3 за шпанскиот тим, но домаќините од Чешка одиграа храбро во финишот и со головите на Мик ван Бурен во 102. и Ибрахим Траоре во 119. минута заслужено обезбеди учество во четвртфиналето (4-3).   

„Златниот“ гол на Траоре во 119. минута: 

Овој успех е историски за Славија и чешкиот фудбал и најрана елиминација на Севиља во Лига Европа во последните две децении, во кои клубот пет пати го освојуваше натпреварувањето. 

По регуларните 90 минути резултатот гласаше 2-2, откако Микаел Нгадеу Нгаџи и Томаш Сучек ја погодија шпанската мрежа, додека за Севиља погодија Висам Бен Једер и Мунир Ел Хадади

Македонија ќе остане со само еден свој претставник во Лига Европа (Дејан Илиев со Арсенал), бидејќи Динамо Загреб на Аријан Адеми не ги издржа дополнителните 30 минути и убедливо загуби од Бенфика (3-0). По 90 минути игра португалскиот тим имаше 1-0 (Жонас Гутиерез), но во продолжетнието го декласира противникот и со два гола на Феро и Алекс Грималдо заслужено патува во четвртфиналето.

Извештај од натпреварот Бенфика - Динамо Загреб: 

Македонскиот репрезентативец поради повреда не настапи на овој меч.