ВИДЕО: Траоре го спаси Лион од пораз против Ремс

Фудбалерите на Лион, по елиминацијата од Стразбур во Лига Купот, во рамките на 20. коло во Лига 1, на домашен терен ремизираа против тимот на Ремс со 1-1 (0-1).

Лион од самиот почеток на натпреварот имаше многу повеќе од играта, создаваше шанси, но на одмор со предност заминаа гостите. Се играше 34. минута, Чавариа ја искористи асистенцијата од Оудин и од пет метри го матира домашниот голман.

Вториот дел започна со уште поголема офанзива на домаќините, се закануваа Траоре и Депај, но гостинскиот голман одлично реагираше и не дозволуваше израмнување. Така беше се до 70. минута, кога Траоре ја искористи асистенцијата од Дембеле и израмни на 1-1. Во 83. минута гостите имаа шанса за ново водство, но обидот на Ојо беше неуспешен и на крајот 1-1 остана и конечен резултат.

Во следното коло Лион ќе игра на гостински терен против Тулуз, а Ремс ќе ја пречека Ница.