• Мартин Танасковски
Милан Илоски, нашинецот кој настапува во Соединетите Американски Држави, од новата сезона ќе има и нов предизвик и за првпат ќе се проба во европскиот фудбал.
24-годишниот напаѓач е главен играч на второлигашот Оринџ Сити, за кого даде 15 гола на 30 натпревари. Со добрите партии се препорача кај еден од најдобрите дански клубови, тоа е Нордсјеланд, со кого потпиша преддоговор.
Двете страни си подадоа рака за да бидат заедно од 2024 година, а Нордсјеланд на клубот од САД за откупот на Илоски ќе му плати 200.000 евра. За Илоски ова ќе биде прва авантура на Стариот континент, откако претходно играше за Реал Монархс, Реал Солт Лејк, Огден Сити и Годлен Стејт Форс, сите клубови од САД.
Инаку, Милан е третиот од браќата Илоски кој се бави со фудбал, тука се уште Брајан и Ерик Илоски.