Трансфери ВМФЛ-Запад: Активна зима, за жестока борба за бараж и опстанок!

Преодниот рок во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) заврши, а екипите во западната група пазареа добро затоа што борбата за бараж ќе биде пеколна до крајот, но истовремено тука е и големата борба за опстанок.

За разлика од источната група, западната е доста посилна. И ако Силекс е апсолутен лидер и веќе со едната нога е во Првата лига, во следните дванаесет кола Воска Спорт и Вардар ќе се борат за второто место кое води во баражот, додека повеќе тимови се во битка за опстанок во второлигашкото друштво.

Најактивни оваа зима беа Гостивар, Охрид и Беса кои донесоа најмногу играчи, додека најголем квалитет доби Воска Спорт, тука е и Вардар, тимови кои донесоа проверени имиња. Секако, фаворитот Силекс не го забораваме, со четири прволигашки засилувања.

СИЛЕКС

Дојдоа: Андреј Петкоски (Победа), Дејан Цветаноски (Струга), Роберт Коцев (Тиквеш), Дарко Спировски (Осогово)

Заминаа: Лазар Пеев (Гостивар), Роберт Митев (Охрид), Александар Трајчевски, Божидар Митревски (Слога 1934)

ВОСКА СПОРТ

Дојдоа: Арѓент Гафури (Ренова), Алтин Лога (Беса), Дејан Силјановски, Ален Јашароски (Скопје), Дарко Размоски (Пелистер), Муса Мевмедовски (Риед 2, Австрија), Усни Исмаили (Пелистер), Ристе Илијоски (Вардар), Бесарт Џемаили (Шкупи)

Заминаа: Енис Дервиши (Гостивар), Филип Лазаревски, Пајазит Салиу, Благој Истатов (Победа), Теофил Силјаноски (Охрид), Фисник Салиу (Детонит), Тони Мирчевски (Детонит), Албнор Каба (Велешта), Шпенд Асани (Велешта), Никола Миткоски (Велешта)

ВАРДАР

Дојдоа: Иван Мицевски (Осогово), Филип Гачевски (Енозис, Кипар), Дарко Мицевски (РФС, Летонија), Ване Јованов (Академија Пандев), Бенџамин Демир (Скопје)

Заминаа: Енес Шабани (Беса), Филип Ѓоргоски, Лео Андрески (Охрид), Петар Љамчевски (Пелистер), Ристе Илијоски (Воска), Александар Пановски, Ненад Тодоровски (Осогово), Филип Петров (пензија), Антонио Мирков (Саса), Дарио Јовановски (Беласица), Петре Тасевски (Кадино), Дамјан Марковски (Кадино), Абдула Хасани

ТЕТЕКС

Дојдоа: Стефан Богдановски (Кадино), Владимир Жоглев (Беса 1976), Бојан Тимевски (Локомотива), Дашмир Берзати (Македонија ЃП), Дарко Дигаловски (Победа), Агон Елмази, Кадри Палоши, Члирим Селими (Гостивар), Стефан Стефановски (Њу Старс), Мухарем Мислими (Велешта), Емил Скоко (Осогово), Георг Стојановски (слободе)

Заминаа: Силвио Ангеловски, Хусеин Демири, Ринор Ајдини (Гостивар), Димитар Иванов (Беса 1976), Алтрим Јакупи (Шкендија), Андреј Јаневски (Кожуф), Арменд Адеми (Кадино), Руфат Чалафи, Александар Поповски (Пелистер), Кристијан Јордановски (Слога 1934), Бојан Тимевски (Работнички)

КОРАБ

Дојдоа: Рејан Абази (Шкупи), Христијан Крклински (Слога 1934), Алтрим Јакупи (Шкендија), Еркан Шаип (Братство 07), Адхе Кадрију (Македонија ЃП)

Заминаа: Берат Исмаил (Беса 1976), Абдулвахит Мурати (Воска Спорт), Ариан Исени (Гостивар), Александар Целески (Охрид)

ГОСТИВАР

Дојдоа: Стојанчо Велинов (Велешта), Муарем Муарем, Андреј Кудијан (Брегалница), Енис Дервиши (Воска Спорт), Хусеин Демири, Ринор Ајдини (Тетекс), Ајрадин Цуцули, Борјан Пановски (Охрид), Амир Јашар (Влазнија, Косово), Лазар Пеев (Силекс), Виктор Крстевски (Пелистер), Ариан Исени (Кораби)

Заминаа: Сунај Хасан (Феризај, Косово), Агон Елмази, Кадри Палоши, Члирим Селими (Тетекс), Драган Мишовски, Сумер Хасан (Осогово), Бафтијар Бесир (Сокол, Чешка), Хидјрет Рушити (Беса 1976), Талха Идризи, Урим Бајрами (Братство 07)

ОХРИД

Дојдоа: Дамјан Серафимов (Македонија ЃП), Христијан Митревски (Слога 1934), Арбен Тафа, Самед Кадриоски, Михаил Ристески (Велешта), Роберт Митев (Силекс), Марко Стојчески (Кадино), Александар Целески (Кораб), Мартин Лекоски, Меритон Мерко (Шкумбини, Албанија), Филип Ѓоргоски, Лео Андрески (Вардар), Дамјан Ќошески, Ален Максути (Њу Старс), Теофил Сиљаноски (Воска Спорт)

Заминаа: Ајрадин Цуцули, Борјан Пановски (Гостивар), Мурат Адили, Јусуф Алиу, Албин Рамадани (Беса 1976), Николче Симоновски (Новаци), Глигор Дончев (Тиквеш), Иван Настевски (Детонит), Јасин Казимоски (Велешта), Атхе Мазари (Победа)

ВЕЛЕШТА

Дојдоа: Шпенд Асани, Албнор Каба (Воска Спорт), Никола Миткоски (Воска Спорт), Дарио Наумовски (Локомотива), Антонио Столевски (Победа), Јасин Казимоски (Охрид), Оливер Дишлиевски (Ракyтовце, Словачка)

Заминаа: Арион Зиба (Струга), Стојанчо Велинов (Гостивар), Хамза Рамани (Беласица), Арбен Тафа, Самед Кадриоски, Михаил Ристески (Охрид), Мухарем Мислими (Тетекс)

БЕСА 1976

Дојдоа: Љутви Билали, Мурат Адили, Јусуф Алиу, Албин Рамадани (Охрид), Берат Исмаили (Кораб), Димитар Иванов (Тетекс), Благојче Иванов, Аделин Ќазимов (Осогово), Енес Шабани (Вардар), Муас Демири (Заврч, Словенија), Флорент Османи (Струга), Хидјрет Рушити (Гостивар), Рихан Зекјири (Пелистер)

Заминаа: Алтин Лога (Воска Спорт), Владимир Жоглев (Тетекс), Амет Редјепи (Братство 07)

КАДИНО

Дојдоа: Петре Тасевски, Дамјан Марковски (Вардар), Арменд Адеми (Тетекс), Филип Георгиев, Бојан Трајковски (Аеродром), Дарко Милевски, Златко Тодоровски (Њу Старс), Бојан Митевски (ССК Нова), Митко Петрушевски (Маџари Солидарност)

Заминаа: Дамјан Серафимов (Македонија ЃП), Стефан Богдановски (Тетекс), Марко Стојчески (Охрид), Матеј Андов, Кристијан Ристовски (Осогово), Марко Андоновски (Скопје), Христијан Коцев (Македонија ЃП)