Трансфер во пакет: Најубавата фудбалерка во Јуве заедно со момчето!?

Екипата на Јувентус е пред официјализација на трансферот на Даглас Луис од Астон Вила, но овој трансфер може да биде интересен, затоа што според најавите од Англија, веројатно ќе биде - „двоен“.

Бразилецот кој има 26 години игра во средниот ред и се очекува наскоро да парафира со Јувентус. Бјанконерите ја отвориле вратата и за неговата девојка Алиша Леман која го носи епитетот на најубава фудбалерка во светот.

26-годишната Швајцарка во моментов е дел од Астон Вила за која игра од 2021 година. Важи за искусна фудбалерка, со над 100 настапи во англиската Премиер лига и во неа се гледа идеално засилување.

Женскиот тим на Јувентус заврши на второто место во Серија А и ќе игра во Лигата на шампионите. Во елитата се враќа и машкиот тим на Јувентус.