• Горан Упале

Челзи продолжува да го привлекува вниманието на фудбалската јавност со својата трансфер-политика, но овојпат не поради купувањата. Лондонскиот гигант во текот на летниот преоден рок оствари неверојатни приходи од продажба на фудбалери, а со вклучените бонуси сумата може да се приближи до половина милијарда евра.
Најголема зделка е трансферот на Енцо Фернандес, кој премина во Манчестер Сити за 145 милиони евра. Веднаш зад него е Андреј Сантос, кој се пресели во Манчестер Јунајтед за 56,3 милиони евра, со дополнителни 2,3 милиони низ бонуси.
Челзи одлично заработи и од продажбата на Николас Џексон во Астон Вила за 55,5 милиони евра, додека Марк Кукуреља замина во Реал Мадрид за 55 милиони евра, плус можни пет милиони низ бонуси. Лијам Делап беше продаден во Нотингем Форест за 52,5 милиони евра, а трансферот може да достигне 58,3 милиони.
На листата на заминувања се и Трево Чалоба, кој премина во Комо за 30 милиони евра, плус шест милиони бонуси, како и Тајрик Џорџ, продаден во Евертон за 21 милион евра, со можни дополнителни седум милиони.
Лондонскиот клуб заработи значителни суми и од продажбите на Марк Гиу во РБ Лајпциг (15 милиони евра + 2 милиони бонуси), Омари Келиман во Стразбур (6 милиони), Џими-Џеј Морган во Вест Бромвич (4,7 милиони), како и Беноа Бадиашил во Наполи (3 милиони + 1 милион бонуси).
На ова се додаваат и трансферите на Дејвид Датро Фофана во Сервет (2,5 милиони + 1 милион бонуси) и Дастан Сатпаев, кој замина во Барнли на позајмица за 350.000 евра.
Интересно е што Челзи испрати и голем број фудбалери на позајмица. Аксел Дисаси замина во Кристал Палас, Роберт Санчез во Комо, Калеб Вајли во Престон, Мамаду Сар во Реал Сосиедад, Алехандро Гарначо во Астон Вила, додека Филип Јоргенсен и Дарио Есуго ќе играат за Стразбур.
Кога ќе се соберат сите фиксни суми и потенцијалните бонуси, Челзи може да стигне до неверојатни околу 500 милиони евра од летните продажби. Лондонскиот клуб со години е познат по масовните трансфери, но ова лето покажа дека може да биде исклучително успешен и на спротивната страна од пазарот. Летово Челзи се ослободи од дури 34 фудбалери, некои беа продадени, а останатите пратени на позајмици.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





