Трансфер-бомба во Примеира: Бенфика го одврза ќесето за бразилски талент

Зимскиот преоден рок во Примеира започна со голем трансфер. Португалскиот шампион Бенфика издвои 18 милиони евра за да го донесе во своите редови 20-годишниот Бразилец Маркос Леонардо.

Младиот бразилски напаѓач кој доаѓа од Сантос потпиша со португалскиот клуб договор со важност до јуни 2029 година, соопшти Бенфика. Леонардо е првото зимско засилување во редовите на Бенфика, која по 15 кола е второпласирана во португалското првенство со 36 бодови, еден помалку од лидерот Спортинг.

Леонардо зад себе има сто настапи во бразилската Серија А во која изминатата сезона го загуби прволигашкиот статус со Сантос.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.