Трансфер-бомба во Кочани, Ацо Стојков го засили Осогово

Екипата на Осогово донесе големо засилување за настапите во Втората лига-Исток и се договори со играч со прволигашко и интернационално искуство.

Во редовите на кочанчани пристигнува Ацо Стојков, 36-годишниот напаѓач кој настапуваше за Академија Пандев. Искуството на струмичанецот во тимот на Осогово ќе биде добредојдено и сигурно ќе биде плус во следните мечеви.

Покрај за Академија Пандев, Стојков играше за Вардар, Скендербег, Работнички, Ботосани, Арау, Дебрецен, Партизан, Ла Лувр, Андриа, Интер, Беласица и уште неколку други клубови, како на домашна, така и на меѓународна сцена.

Осогово не ја стартуваше лигата според планот и по три кола има три порази, со само еден постигнат погодок.