Трансфер „бомба“ од Бразил: Сао Паоло преговара со Андре Виљаш Боаш

Бразилскиот гигант Сао Паоло преговара со Андре Виљаш-Боаш за нов тренер на екипата. Португалецот пред неколку дена замина од „Велодром“ во Марсеј, откако најпрво поднесе оставка поради несогласување со клупската трансфер политика, а подоцна сопствениците на клубот решија да го разрешат, наместо да ја прифатат негова оставка.

Виљаш-Боаш е во потрага по нов клуб, а пред неколку дена Сао Паоло го отпушти својот тренер Пауло Динис по серијата од шест натпревари без победа.

Според информациите на медиумите во Бразил, Сао Паоло очајно го сака Виљаш-Боаш за нов тренер. Сериозен проблем во преговорите меѓу двете страни може да биде платата на Португалецот, кој во Олимпик Марсеј добиваше три милиони евра по сезона.

Пред да работи во Франција, Виљаш Боаш ги водеше Порто, Зенит, Челзи, Тотенхем...