Трансфер „бомба“ од Барселона - Еден Азар ќе биде замената за Нејмар!

Раководните луѓе на Барселона очигледно дека сакаат многу брзо да ги потрошат добиените пари од трансферот на Нејмар, па според англиските медиуми веќе е договорена и неговата замена.

Од Англија тврдат дека нов играч на Барселона нема да биде Кутињо, туку Еден Азар од Челзи. Со тоа, освен што ќе го засилат својот тим, ќе зададат и голем удар на Реал Мадрид, кој во последните неколку години се обидуваше да го доведе Белгиецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Сè уште не се познати детали од најавениот трансфер, но доколку се реализира, тимот на Барселона се чини дека многу брзо ќе ја пронајде замената за Нејмар, кој направи рекорден трансфер во тимот на ПСЖ.