Трансфер БОМБА од Англија: Биелса го посакува Пандев во Лидс!

Неколку англиски медиуми блиски до фудбалскиот клуб Лидс Јунајтед, најавуваат трансфер бомба оваа зима, односно можен премин на македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев, во редовите на тимот од Јоркшир. 

Некогашниот фудбалски великан на Островот веќе подолго време не успева да се врати во кремот на англискиот фудбал, а судејќи по стартот на новата сезона на Чемпионшип  се чини дека во овој момент го има вистинскиот тим, кој е предводен од легендарниот стратег Марсело Биелса. 

Сепак, искусниот аргентински стратег се соочува со сериозни проблеми во офанзивата. Некои често се повредуваат, додека останатите не ги задоволуваат неговиот вкусови, па англиските медиуми откриваат дека за оваа зима имал желба тимот да го засили со нашиот Горан Пандев. 

Според истите, Биелса е голем вљубеник на играта на европскиот шампион со Интер во 2010 година и во неговите квалитети гледа како идеално решение за амбициите и целите на Лидс. Исто така, неговиот план е да ги спои Алиоски и Пандев и во неговиот напад, откако во последниот период нашите репрезентативци одлично соработуваат во националниот дрес.