• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски нема редовна минутажа во Мајорка и тимот сака да се ослободи од него до крајот на преодниот рок, а опција е заминување во Данска.
Тамошните медиуми пишуваат дека за Трајковски постои интерес од данската Суперлига. За македонскиот репрезентативец се распрашува екипата на Алборг, која сака да го доведе на позајмица и да му даде редовен првотимски статус.
Во данскиот шампионат се одиграни седум кола, а Алборг во моментов е на петтата позиција. Проблемот кој го кочи трансферот е платата на Александар Трајковски, затоа што Алборг нема толку средства да му ги плати примањата во Мајорка и двете страни бараат спогодба.
Трајковски е во Мајорка од 2019 година, а таму пристигна од редовите на Палермо. Во кариерата играше уште и за Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.