Трајковски заменет на полувреме, дебакл на Алборг против Виборг

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски е сведок на еден од најголемите порази на славниот дански клуб Алборг, каде што се пресели на стартот од оваа сезона.

Во рамките од 13. коло на данското првенство, шампионот од пред седум сезони доживеа дебакл на дуелот со Виборг и пред својата публика беше поразен со убедливи 2-5, со што го запиша четвртиот овосезонски пораз во елитата.

Македонскиот напаѓач одново беше во стартниот состав на Алборг, но ги одигра само првите 45 минути, по кои беше заменет со младиот шведски фудбалер Тим Прица.

И покрај поразот, Алборг сè уште котира високо на табелата во данската Суперлига и со 21 бода ја зазема четвртата позиција на табелата, но заостанува десет бода од лидерот Мидтјиланд.