Трајковски: Веруваме во враќање на Палермо во Серија А

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски продолжува со одличните игри во дресот на Палермо. Офанзивецот синоќа повторно беше прва алка на тимот од Сицилија во победата над Лече од 2-1. 

Трајковски најпрво со прекрасен гол го отвори резултатот, а потоа асистираше за голема победа, а по мечот изјави дека се надева на враќање во елитата на италијанскиот фудбал. 

„Среќни сме на победата, но овој меч треба да го оставиме зад нас и да мислиме на новите предизвици.  Лече не е лесен противник и одигравме тежок натпревар, но победата е најважна од сè. Ја имам довербата кај тренерот, правам сè што бара од мене и се надевам дека заедно ќе го однесеме Палермо во Серија А“, вели Трајковски. 

Тимот од Сицилија со 45 бода ја зазема втората позиција на табелата во Серија Б, со само два бода помалку во однос на лидерот Бреша, но и еден меч помалку, кој со евентуална победа ќе го искачи тимот на лидерското место во второлигашкото друштво.