ВИДЕО: Трајковски стрела за Хајдук во победата над Горица

Фудбалерите на Хајдук Сплит славеа во мечот од 35. коло на ХНЛ против Горица со 2-1 (1-1). 

Стрелец на првиот погодок за сплитските „били“ беше Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец добро ја следеше акцијата, остана на пеналтикот и доби одложена топка од Муфи, па рутински погоди во гостинската мрежа за 1-1 по половина час игра. 

За Трајковски ова беше четвртиот сезонски погодок или трет во последните шест натпревари во хрватското првенство.