ВИДЕО: Трајковски со удар од далечина запиша нов погодок за Палермо

Фудбалерите на Палермо, во рамките на 34. коло од Серија Б, на домашен терен играат против Падова, а од самиот почеток во стартниот тим се нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Токму, Трајковски во 14. минута беше стрелец на водечкиот погодок за Палермо, откако со удар од далечина го матира гостинскиот голман. Но, само две минути подоцна Падова ја анулира домашната предност и израмни на 1-1.

  • Голот на Трајковски за водство на Палермо:

Денешниот погодок на Трајковски е негов шести оваа сезона за Палермо, а има уште и девет асистенции, со што е еден од најдобрите поединци во тимот од Сицилија.