ВИДЕО: Трајковски со победа тргна со Мајорка во Примера

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски дебитираше за Мајорка во шпанска Примера и првиот настап во една од најквалитетните светски фудбалски лиги ќе го памети по добро.

Мајорка, која обезбеди кам-бек во елитниот шпански фудбал, во воведното коло од шпанската елита со 2-1 (1-0) го совлада Еибар. Трајковски го почна мечот на клупата, а во игра влезе во 70 минута, на местото на Фебас.

  • Извештај од натпреварот: 

Македонецот имаше добри дваесетина минути, како и една шанса за погодок. во 82. минута, кога шутираше од далечина моќно, но еден од дефанзивците го изблокира неговиот обид. Инаку, погодоците за Мајорка ги постигнаа Родригез и Оливеира кој си даде авто-гол.

Мајорка во наредното коло на Примера повторно игра на домашен терен и се среќава со Реал Сосиедад.

Учесникот во Лигата на шампионите, Валенсија испушти победа против Реал Сосиедад, откако не реализира пенал за 2-0 преку Гамеиро и прими израмнувачки гол во 100. минута преку МИкел Ојарзабал. Французинот Кевин Гамеиро претходно го постигна водечкиот гол на „лилјаците“. 

  • Извештај од натпреварот: 

Виљареал и Гранада и Леганес и Алмерија вечерва ги играат последните саботни натпревари од првото коло на Примера.