Александар Трајковски со победа дебитираше за Алборг

Откако одигра три натпревари за националната репрезентација на Македонија, репрезентативецот Александар Трајковски викендов за првпат настапи за својот нов клуб, Алборг во Данската Суперлига.

Трајковски настапи во дуелот со Виборг, на кој неговиот тим славеше со 2-3 во драматичен натпревар, кој на крајот имаше среќен крај за македонскиот репрезентативец.

Трајковски влезе во игра во 76. минута, кога неговиот тим имаше водство од 1-2, па Алборг ја задржа предноста до самиот крај и по перипетии во финишот дојде до финалните 2-3.

Пред да дојде во Данска, Трајковски настапуваше за Мајорка. Во Шпанија пристигна од редовите на Палермо, а во кариерата играше уште и за Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55.

Во данскиот шампионат се одиграни осум кола, а Алборг во моментов е на петтата позиција.