• Иван Димовски
Репрезентацијата на Македонија вторпат во овој циклус од Лигата на нациите ја совлада Летонија, овојпат со 1-0 во Скопје и со тоа си го осигура првото место во групата.
По натпреварот и заверката на водечкото место, задоволството од резултатот не го криеше Александар Трајковски. Искусниот репрезентативец го анализира триумфот во Скопје.
„Ако гледаме реално, три бода се три бода. Задовелсн сум за победата, го дадовме максимумот. Знаевме дека ќе биде тешко, се подготвувавме за ваков вид на натпревар. Дали можевме да славиме со поголема разлика? Веројатно - да, бидејќи имавме многу шанси.
Се надевам дека в недела ќе бидеме попрецизни и ќе оствариме подобар резултат. Задоволен сум од прикажаното и секоја чест за гостите. Се надевам дека ќе имаме поголема поддршка в недела од трибините. Мислам дека со резултатите го заслуживме тоа“, изјави Трајковски.
Македонија веќе в недела ја очекува нов предизвик, бидејќи ја затвора групата против Фарските Острови. Важно е и овој натпревар да се добие за подобар пласман на финалната табела во ова натпреварување.