Трајковски: Ми велеа дека головите не ми се запишани, за среќа не беше така

Александар Трајковски го одигра најдобриот натпревар откако е член на Хајдук Сплит и со хет-трик придонесе во гостинската победа кај Локомотива Загреб (2-5). Македонскиот репрезентативец даде два гола со помош на дефанзивците, па нејасно беше дали трите гола ќе му се припишат на Трајковски.

Македонецот го прашаа дали знае колку голови даде на крајот од мечот, па тој одговори:

„Се впишаа три. Ми ја дадоа топката за спомен, а кога излегов од игра соиграчите на клупата се шегуваа со мене дека не ми се впишани трите гола. На крајот се испостави дека сите три се зад моето име и среќен сум за тоа. Среќен сум прво за победата и начинот на кој ја завршивме сезоната. Ми се допадна тоа што ме поздравија со овации. Искрено, пресреќен сум поради тоа и се надевам дека и во иднина ќе имам таква шанса.

Мораш секогаш да даваш свој максимум на секој натпревар. Никогаш не смееш да де предадеш и тоа секој мора да го сфати индивидуално. Мора да се дава сè од себе и максимален придонес да се подредите на екипата на секој натпревар. Сите заедно како тим можевме да направиме многу повеќе оваа сезона“.

Хајдук сезоната ја заврши на третата позиција во хрватскиот шампионат, а Трајковски со седум погодоци на своето конто. 

Состави

Silvijo Cabraja

5-3-2

    Sinisa Segovic

    4-4-2