• Горан Упале

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и официјално ја започна својата нова мисија и ја задолжи опремата на Алборг.
Искусниот напаѓач по репрезентативните обврски се упати за Данска, каде ќе настапува оваа сезона, како позајмен играч на Мајорка.
Трајковски од 2019 година го носеше дресот на Мајорка, но никогаш не ја доби вистинската шанса за докажување, па затоа неговата разделба со шпанскиот прволигаш беше за очекување.
Еден од фудбалерите кои прикажаа најдобра игра во дебитантскиот настап на Македонија на Европските првенства, во Шпанија пристигна од редовите на Палермо, а во кариерата играше уште и за Мехелен, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница 55.
Во данскиот шампионат се одиграни седум кола, а Алборг во моментов е на петтата позиција.