• Саше Љолес
Екипата на Хајдук Сплит ги задржа шансите за шампионската титула во Хрватска и го совлада големиот ривал, Ријека, со конечни 2-1 (1-0), но му направи и голема услуга на Динамо Загреб, кој сега е лидер на табелата во пресрет на последното коло.
Сплитскиот тим ја запечати победата со голот на нашиот Александар Трајковски, а претходно имаше водство уште од дванаесеттата минута, откако прецизно стрелаше Марко Ливаја од пенал.
- Извештај од натпреварот:
Гостинскиот тим израмни со погодокот на Дује Чоп во 73. минута, но потоа на сцената стапи Трајковски, кој ги постави конечните 2-1 само пет минути подоцна. За нашиот крилен напаѓач ова беше само трет сезонски погодок.
Хајдук сега има 60 бодови, два помалку од Ријека и Динамо Загреб. Шансите за титулата се многу мали, но постојат во теоријата.