• Иван Димовски
Фудбалерите на Хајдук останаа во трка за титулата, откако во претпоследното коло ја совладаа Ријека со 2-1 во дербито на ХНЛ.
Херој во оваа победа беше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Напаѓачот го постигна победоносниот гол во финишот на средбата и со тоа донесе круцијални бодови за тимот од Сплит. По победата Трајковски сподели фотографии на социјалните мрежи и испрати порака: „Веруваме до крај!“.
Лошо за Хајдук е тоа што не зависат сами од себе. Ријека и Динамо имаат по 62 бода во пресрет на последното коло, а играат против Славен Белупо, односно Вараждин. Од друга страна Хајдук гостува кај Шибеник, а сите средби се играат в недела од 17:00 часот.
ФОТО/PHOTO: HNK Hajduk Split