ВИДЕО: Трајковски ги израдува најмладите македонски фанови во Чешка

Александар Трајковски беше ѕвездата на мечот меѓу Саудиска Арабија и Македонија во Чешкаа заради евроголот кој го даде и сите сакаа момент со него по дуелот.

Крилото даде атрактивен гол со ножички кој е оценет како еден од најдобрите во историјата на националниот тим. По крајот на средбата, Трајковски им направи чест на најмладите македонски фанови во Чешка.

Тие беа на трибините и го довикааа, а Трајковски дојде и им подели автограми. Дел од нив со него направија и фотки за спомен.