ВИДЕО: Трајковски е претплатен за ЕВРОГОЛОВИ, со „НОЖИЧКИ“ ја скина саудиската мрежа!

Македонија прва се избори за предност против Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар во Прага.

Стрелец на голот за нашиот состав е Александар Трајковски, кој во самиот финиш од полувремето постигна уште еден спектакуларен гол и, по центаршутот на Деспотовски, со „ножички“ ја скина противничката мрежа.

  • Голот на Александар Трајковски против Саудиска Арабија:

Искусниот напаѓач како да е претплатен за евроголови во дресот на Македонија, како оние во Палермо против Италија и против Казахстан пред три месеци.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија / Игор Паневски