• Сашо Поповски

Александар Трајковски наредната сезона ќе ја одигра во данското првенство. Негова нова екипа е Алборг, каде се очекува да добие повеќе од посакуваната минутажа.
28-годишниот напаѓач не беше во плановите на Мајорка. Поради тоа одлучи да продолжи да се докажува надвор од шпанска Примера.
„Трајковски е навистина добар фудбалер кој е добар со топката, брз и добар во ситуации еден на еден. Надвор од теренот, тој исто така е навистина добра личност. Сигурен сум дека ќе дојде во Алборг за да го даде максимумот и без сомнеж ќе биде големо засилување во новата сезона“, вели асистентот Оскар Хилјемарк.
Трајковски и Хилјемарк добро се познаваат. Тие ја делеа соблекувалната во Палермо во периодот од 2015 до 2017 година.
Македонскиот репрезентативец е четвртото и последно засилување за Алборг во пресрет на сезоната 2021/22.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.