• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски се врати од повреда на перфектен начин, со погодок во дресот на Хајдук Сплит во ХНЛ-лигата.
Хајдук гостуваше во Загреб кај Локомотива, а натпреварот заврши со кикс на „билите“ и нерешен исход со погодок од пенал во самиот финиш (1-1). Единствениот погодок за Хајдук падна во 81. минута, а автор беше Трајковски кој доби топка од Ливаја во шеснаесетникот и лесно стрела.
За Трајковски ова беше прв гол сезонава, со оглед на тоа што тукушто се врати од повреда поради која пропушти поголем дел од подготовките.