Трајковски: Четири бода на стартните два меча не изгледаат така лошо...

Александар Трајковски, крилниот офанзивец на Македонија, по дуелот против Словенија даде коментар за првите два меча на нашиот национален тим во квалификациите за Европското Првенство 2020.

Фудбалерот на Палермо истакна дека четирите бода задоволуваат, иако нашата репрезентација можела да дојде и до шест бода, ако среќата ја посакаше во дуелот со Словенците.

„Мислам дека заслуживме да освоиме три бода против Словенија. Одигравме еден одличен меч, но и со бод сме задоволни, затоа што следните два меча ги играме на наш терен во Скопје. Со оваа игра ќе стигнеме далеку. Дојдовме до четири бода, што и не е така лошо. Секогаш размислувам позитивно и се надевам дека на наредните два меча во Скопје ќе одиграме исто како со Словенија. Ако играме борбено како со Словенците, можеме со секого. Ќе видиме што ќе биде во јуни“, изјави Трајковски.

Потоа тој го прокоментира и дуелот на „Стожице“, на кој националниот тим со гол на Енис Барди дојде до бод.

„Знаевме дека не чека еден доста тежок натпревар, затоа што не е лесно да се игра против Словенците кои се квалитетна селекција. Сепак, и ние играме убав фудбал и имаме екипа што може да се носи со секого. Тоа го покажавме на првите два средби, се надевам така ќе биде и понатаму“, заврши крилниот фудбалер.

Фудбалерите на Игор Ангеловскиги продолжуваат квалификациите во јунскиот прозорец, кога ја чекаат два домашни меча. Прво во Скопје доаѓа Полска, а потоа следи дуел со Австрија.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 1 2 2 0 0 3:0 3 6
2 ИзраелИзраел 1 2 1 1 0 5:3 2 4
3 МакедонијаМакедонија 2 2 1 1 0 4:2 2 4
4 СловенијаСловенија 1 2 0 2 0 2:2 0 2
5 АвстријаАвстрија 2 0 0 2 2:5 -3 0
6 ЛетонијаЛетонија 2 0 0 2 1:5 -4 0