ВИДЕО: Трајковски асистент, Палермо спаси жива глава во Верона

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски на најдобар можен начин ја заокружи оваа фудбалска недела, откако по голот за 4-0 против Гибралтар, вечерва го спаси својот Палермо од пораз на теренот на „Бентегоди“ во Верона. 

По раното домашно водство, Палермо ги фрли сите карти во нападот, за во 67. минута по корнерот на Трајковски, Слободан Рајковиќ да изедначи на 1-1. Несторовски одигра 78, а Трајковски 87 за сицилијанскиот тим. 

Со ова реми, Палермо стигна до 25 освоени бода и остана на лидерската позиција во Серија Б.