ВИДЕО: Трајчевски со втората сезонска реализација ја потврди новата победа на Докса

Душко

Македонскиот фудбалер Душко Трајчевски учествуваше во убедливата победа на Докса на гостувањето кај Неа Саламис (1-4).

30-годишникот стави точка на одличното издание на неговата екипа. Тој го постигна последниот гол, со кој беше потврден вториот успех во низа во завршницата од плеј-аутот во кипарското првенство.

За Трајчевски ова е втора реализација оваа сезона. Првата ја запиша на домашниот дуел против Кармиотиса.

Докса засега може да биде задоволна, бидејќи има осум бода од местата кои носат пласман во понизок ранг.