Трајчевски: Подготвени сме за предизвикот и веруваме во успех против Тре Пене

Екипата на Работнички вечерва го игра првиот натпревар против Тре Пене во рамки на првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

Капитенот на „романтичарите“, Душко Трајчевски изјави дека тој и неговите соиграчи се свесни за предизвикот и најави атак на победа уште на првиот меч.

„Нашата мисија е јасна, да го елиминираме Тре Пене. Го респектираме противникот, знаеме и дека не очекува тежок дуел, и воопшто нема да се опуштиме затоа што играме против тим од Сан Марино. Нема веќе лесни ривали во Европа, тоа одамна го знаеме. Но, подготвени сме за предизвикот и ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра уште на овој прв натпревар. Веруваме во нашите квалитети и се надеваме на успех“ , вели Трајчевски.

Натпреварот се игра вечерва на стадионот „Серавале“ во Сан Марино и ќе започне во 20.30 часот.