Трајчевски по една година се раздели со Алки

Македонскиот интернационалец, Душко Трајчевски, по една сезона мината во Кипар ќе ја менува својата средината, откако објави дека се разделува со тимот на Алки.

Искусниот играч за врска оваа информација ја потврди со емотивна порака на социјалните мрежи со која им се заблагодари на сите од клубот од како што вели тој  неверојатна година.

„Тука минав неверојатна година. Но, време е за збогум. Сакам да им се заблагодарам на фановите, соиграчите, тренерот и претседателот на тимот. Ми беше чест што играв и работев со вас“, напиша Трајчевски. 

28-годишниот Трајчевски уште од 2013 година настапуваше во Работнички , а за него преминот во Алки беше прв интернационален предизвик. Претходно, настапуваше уште за Локомотива и Тетекс.