Трајчевски останува во Кипар, потпиша за Докса Катокопијас

Македонскиот интернационалец Душко Трајчевски останува во Кипар, откако се реши својата кариера да ја продолжи во тимот на Докса Катокопијас.

Искусниот игрч за врската минатото лето избра прв интернационален предизвик и потпиша за Алки Ороклини, но по само една сезона ги промени клупските бои. 

28-годишниот Трајчевски кариерата ја започна од Локомотива, а потоа натпреваруваше за Тетекс и Работнички. За Македонија дебитираше во 2015 година и одигра пет натпревари.