ВИДЕО: Трајчевски даде супер-гол во клучната победа на Докса во кипарскиот шампионат

Екипата на Докса Катокопијас, за која настапуваат нашите фудбалери Трајчевски, Шишковски и Глишиќ, ја забележа клучната победа во сезоната во кипарскиот шампионат и математички обезбеди опстанок во прволигашкото друштво.

Во рамките од плеј-аутот, Докса со убедливи 6-1 славеше над „отпишаниот“ тим на Кармиотиса, а значаен удел во оваа победа имаше токму македонскиот играч за врска. Во 70. минута поранешниот член на Работнички во стил на врвен стрелец го надмудри гостинскиот голман и погоди за 5-1. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dule (@trajchevski18)

За Трајчевски ова беше прв овосезонски гол во дресот на Докса од 28 одиграни натпревари во кипарскиот шампионат. На натпреварот со Кармиотиса, во старниот состав на Докса беше уште и голманот Шишковски, додека Глишиќ остана на клупата за резерви.