ВИДЕО: Трајчевски даде гол и му го посвети на починатиот шура Тоше

Македонскиот интернационалец Душко Трајчевски се запиша во листата на стрелците на Кипар и донесе три бода за својата екипа Алки во натпреварот против Ермис (1-2).

Нашиот фудбалер погоди во мрежата на противникот во 86. минута, откако по еден изведен корнер биеше со глава во мрежата на противникот. 

Погодокот тој го посвети на својот шура Тоше Илиевски, кој ја загуби битката со тешка болест, односно карцином на лимфните жлезди.

Алки ја заврши сезоната со победа, а во плеј-аут зоната е на четвртото место и има опстанок во кипарскиот шампионат.