Трагичарот Зијех низ солзи: Јас сум виновен што останавме без финале, мораше да...

Синоќа, неславно заврши една од најубавите приказни во Лигата на шампионите во последната деценија. Холандски Ајакс беше толку блиску до големо финале, но како да „изгоре“ од желба и забележа болна елиминација од екипата на Тотенхем

Премиерлигашот имаше негатива од 2-0, но со трите гола на Лукас Моура го потопи амстердамскиот гигант и за првпат во својата клупска историјата ќе игра едно финале на Лигата на шампионите. Младите момци на Тен Хаг одиграа одличен меч, креираа огромен број на шанси, а трагичар на мечот е мароканскиот напаѓач Хаким Зијех, кој двапати ја погоди стативата. 

„Јас сум виновен што останавме без финале. Се обвинувам себе си што не погодив во клучните моменти. Имав шанси, но како да немав среќа. Ја погодив стативата, а потоа и го промашив голот. Зневме дека ќе биде тешко доколку Тотенхем постигне еден гол. Тие стигнаа до 2-2, а откако не ги искористивме шансите нè казнија и нè оставија без големото финале“, низ солзи изјави Зијех.

Во завршниот натпревар на Лигата на шампионите во Мадрид, противник на Тотенхем ќе му биде премиерлигашкиот ривал Ливерпул, кој по неверојатни 4-0 го елиминира гигантот Барселона