Трагедија во семејството на Гатузо, почина неговата 37-годишна сестра

Предводникот на Ељиф Елмас во Наполи, Џенаро Гатузо доживеа голема трагедија, бидејќи ја загуби својата сестра Франческа, која почина на 37-годишна возраст. Таа била хоспитализирана уште во февруари и под интензивна нега не успеала да се избори со ретка болест. 

Гатузо утрово на тренингот со Наполи ги дознал ужасните вести и веднаш заминал во Варезе, каде престојувала неговата сестра. 

Франческа била во болница и иако била под константно внимание на медицинскиот тим, состојбата и се влошувала со текот на времето и утрово починала. 37-годишната девојка претходно работела како секретарка долги години во Милан и седиштето во Алдо Роси.