ВИДЕО: Трагедија во Копа Либертадорес, натпреварот прекинат – има починати!

Непосредно пред натпреварот од второто коло од Копа Либертадорес, во кој играа Коло Коло и Форталеза, загинаа две лица.

Група навивачи се обиделе да се пробијат до секторот „Кауполикан“, ја срушиле оградата и ситуацијата брзо ескалирала, по што настанало стампедо.

Полицијата употреби солзавец, а очевидци и прелиминарните извештаи укажуваат дека возило прегазило две лица кои биле заробени под урната ограда. Неофицијално, жртвите се 18-годишна девојка и 13-годишно момче.

Додека течеше натпреварот, низ стадионот се прошири веста за загинатите, а во 72. минута дел од навивачите влетаа на теренот и предизвикаа прекин на натпреварот при резултат од 0-0.