Трагедија во Хрватска - фудбалер на Марсонија почина на натпревар

Голема трагедија се случи во хрватскиот фудбал, откако фудбалерот на Марсонија, Бруно Бобан почина на дуелот меѓу Марсонија и Славонија.

Бобан едноставно паднал на теренот како покосен по само 15 минути игра, по што веднаш притрчаа лекарските тимови на двете екипи, а и еден пензиониран лекар од публиката. Веднаш реагирала и брзата помош, но по цели 45 минути реанимација, за голема жал е констатирана смрт на фудбалерот.

Бруно Бобан имаше 25 години, а пред да игра за Марсонија, настапуваше во тимот на Славонија. Својата кариера ја започна во Загреб, а оваа сезона со 12 гола беше најдобар стрелец на третата лига Исток.