Трагедија во Белград: Поранешен српски фудбалер се самоубил во својот стан

Поранешниот член на југословенската фудбалска репрезентација, Милјан Мрдаковиќ, се самоуби, пренесуваат српските медиуми. 

Според сознанијата на „Курир“ Мрдаковиќ, се самоубил со пиштол во својот стан во центарот на Белград, каде живеел со својата девојка.

Наводно, Мрдаковиќ пред да си го одземе животот седнал на креветот и со зборовите „не можам повеќе“, го зел пиштолот и се застрелал во главата. Неговата девојка побегнала од станот и повикала полиција, која моментално работи да го расветли случајот. 

Мрдаковиќ е роден во1982 година во Ниш. По првите чекори во Раднички, тој помина три години во помладите категории на Партизан, од каде се пресели во Андерлехт.

За време на својата кариера го носеше дресот на десетина клубови, а трипати се врати во ОФК Белград, каде ја заврши кариерата во 2017 година.