Трагедија по мечот меѓу Лориент и Рен: Железна конструкција кобна за вработен на стадионот

Екипата на Лориент доживеа домашен пораз од Рен (0-3), но по крајот на натпреварот на „Стад де Мустоар“ се случи голема трагедија. 

Врз еден од работниците на стадионот падна железна конструкција, па откако со тешки повреди беше пренесен во болница, таму подлегна на повредите. 38-годишникот кој го загуби животот бил татко на три деца. 

Полицијата веќе работи на случајот и врши истрага, но многу веројатно е дека падот на конструкцијата која го држи осветлувањето е несреќен случај, кој сепак бил кобен за вработениот во редовите на Лориент.