Традицијата вели: Богатиот Њукасл ќе заврши во – Чемпионшип!?

Екипата на Њукасл Јунајтед никако да победи во Премиер лигата. Тимот доби нови богати сопственици, се најавува реконструкција, но ако се суди според традицијата, екипата ќе се пресели во понизок ранг.

Вкупно четиринаесет кола Њукасл нема победа во елитата. Тимот има седум реми исходи и седум порази, а последниот неуспех беше против Норич (1-1). Премиерлигашот е една од трите екипи во најквалитетните лиги во Европа без победа – тука се уште Леванте (Шпанија) и Гројтер Фирт (Германија).

Само три екипи во историјата на Премиер лигата не оствариле победа по 14 кола и сите испаднале. Тоа се Свиндон во сезоната 1993/94, Квинс Парн Ренџерс во 2012/13 и Шефилд Јунајтед во 2020/21.

Го чека ли Њукасл истото сценарио, или ќе ја прекине оваа црна традиција?