Традицијата најавува голеада меѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен

Се посрамоти Баер Леверкузен на стартот од сезоната и испадна од Купот на Германија од третолигашот Елверсберг. Дури 4-3 беше за домаќините кои константно водеа, а во финишот на мечот имаа и два гола предност.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот Борусија Дортмунд - Баер Леверкузен

Одлична прилика да се извадат и да покажат дека поразот беше само последица на лошиот ден „аптекарите“ ќе имаат на стартот на Бундеслигата. Во првото коло Баер Леверкузен гостува кај Дортмунд кој минатата сезона на заврши едно место пред него, односно на втората позиција. Три бода на „Сигнал Идуна Парк“ сигурно дека ќе го смират незадоволството кај навивачите кои беа нервозни по елиминацијата на југозападот на Германија.

И Борусија во Купот стартува против третолигаш, повеќе познат, но тоа не ги спречи избраниците на Един Терзиќ да впишат сигурна победа. Минхен 1860 беше совладан во гости со 3-0, а првенец впиша новото засилување од Салцбург, Карим Адејеми. Одлична игра покажа и Донел Мален, стрелец на водечкиот гол, потоа и асистент. Во последно време овие ривали играат ефикасни натпревари. Минатата сезона беше 5-2 за Баер и 4-3 за Борусија, интересно, во двата дуела победија гостите. Само двапати во последните десет меѓусебни пресметки имаше помалку од четири гола.

Квоти за останатите натпревари во Бундеслигата

Дортмунд во сезоната влезе потиштен поради здравствената состојба на Себастијан Але. Алтернативата уште се бара, па ќе видиме како тоа ќе се одрази врз екипата. Адејеми се наметнува како добар избор.